Светлечки пениси на градскиот плоштад
Новогодишна ерекција на градски плоштад! И вакви работи им се случуваат на градските татковци. Италијанско гратче се стекна со светска слава откако властите наумија да ги накитат палмите во центарот на градот со новогодишни светилки. Идејата која и не беше така лоша, во пракса се покажа како вистински скандал. Фалусоидните светкави палми, набргу, се најдоа на интернет со пораки до градските власти :
” Сега ви е јасно зошто не се китат палми!” и “Благодариме што ни го кренавте расположението за Нова Година!”.
Сепак, добра страна во целата работа е тоа што малото место Цивитанова Марче, за кое малку кој знае, стана познато во светски рамки, а градските власти се надеваат на туристичка “навалица” откако станаа хит на интернет. Туристичките агенции веќе излегоа и со понуди за италијански “романтичен” викенд за Нова Година .