„Паднаа“ и тешки зборови на последното соочување меѓу Силјановска и Пендаровски

На последното телевизиско соочување пред молкот, помеѓу претседателските кандидати Гордана Силјановска и Стево Пендаровски „паднаа“ тешки зборови.

Пендаровски обвини дека таткото на Силјановска бил припадник на полицијата и соработник на УДБА.

„За ова обвинение ќе добиете соодветна кривична пријава“ – рече Силјановска.

Потоа таа го обвини дека неговиот татко работел во полицијата.

„Дали сакате да ви возвратам со кривична пријава. Мојот татко целиот свој работен век го помина како учител“- рече Пендаровски.

Силјановска го обвини Пендаровски дека  ја предводел акцијата на полицијата во Радожда, на што тој одговори дека тогаш не работел во МВР.Силјановска рече дека оваа фамилија на власта ја видовме на екраните, едно евро за Вицето, едно евро за црквата тоа е фамилијарен начин на функционирање.

Translate »