По распадот на Дупер, Мартина ја потврди причината зошто не е повеќе дел од бендот
Пред еден ден, на Фејсбук се појави статус од Бобан Милошески, сопственикот на Авалон кој соопшти дека продукцијата ја прекинала соработката со Дупер, откако членовите од непознати причини ѝ дале отказ на тапанарката Мартина. По ваквата информација, социјалните мрежи не престанаа да зборуваат за распадот на популарниот бенд.
“Почитувани,
поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ
на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене
најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со
младите момци“, пишува во објавата на Авалон.
По ваквиот статус, се огласија и самите Дупер кои наведоа дека “поради ненадминливи разлики, од денес Дупер продолжува со променет состав”.
За Женски магазин, младата Мартина Баракоска ја потврди приказната зошто повеќе не е дел од популарното трио. Имено, до тоа дошло поради несогласување помеѓу тројцата членови откако таа сакала да оди на концерт на бендот Фанк Шуи во МКЦ, а еден член од бендот наводно бил против тоа. Иако ѝ било кажано дека нема да е повеќе дел од бендот, таа сепак одлучила да не оди.
“Точно е дека ми рекоа дека не треба да одам на концерт на еден бенд, не е важно за кој бенд се работи. Ние немавме никакви музички несогласувања, едноставно се измешаа другарските и професионалните односи”, изјавила Мартина за порталот, а како што наведуваат тие, приказната ја потврдил и самиот Милошески иако и тој не сакал да открие за кој бенд станува збор.