КОЈА Е ИДЕАЛНАТА РАЗЛИКА ВО ГОДИНИ ЗА УСПЕШНА ВРСКА?
Велат дека вистинската не познава ограничувања, ни кога се во прашање годините, но се чини дека науката не го поткрепува тоа.
Истражувањето спроведено на Универзитетот Емори во Атланта покажа дека разликата во години меѓу партнерите сепак има огромно влијание во успехот на врската, пренесува Good Housekeeping.
Во истражувањето во кое учествуваа 3.000 двојки, научниците открија дека двојките со возрасна разлика од 5 години имаат за 18% поголема шанса да раскинат во споредба со двојките во кои партнерите се врсници.
Тој процент скокнува на 39% кога разликата изнесува 10 години и на неверојатни 95% кога станува збор за разлика од 20 години.
Резултатите само го потврдија општо прифатеното мислење, а „формулата“ за успешна љубовна врска звучи прилично едноставно – колку е помала разликата во години меѓу партнерите, толку се поголеми шансите за успех.
Да одговориме на прашањето – која е идеалната разлика во години – научниците велат дека најголема шанса за успешна врска имаат двојките во кои едниот партнер е постар една година.