ТИНЕЈЏЕР ИЗГУБИЛ ПОВЕЌЕ ОД 45 КИЛОГРАМИ СО СЕКОЈДНЕВНО ПЕШАЧЕЊЕ ДО УЧИЛИШТЕ

18-годишниот Мајкл Ватсон пред две години западнал во рутина и за брзо време достигнал тежина од 152 килограми. Како што изјавил за CNN, неговата самодоверба била многу ниска, па затоа тој одлучил да смени нешто.

Ватсон одлучил секој ден да пешачи до училиштето и назад. За тоа му биле потребни некои 20-тина минути, а одлучил да направи и некои промени во исхраната.

Бидејќи неговата матурска вечер била кон крајот на месецот, тинејџерот одлучил да ослабне уште седум килограми. Како што вели, бил упорен во својата цел и пешачел по дожд и снег. Пресвртниот момент за промена бил кога негов соученик го исмевал поради изразениот подбрадок, а ова исмејување Ватсон тешко го поднел.

Дури и кога му било доста од сè, тој не се откажувал. За време на врнежливите денови, луѓето му нуделе превоз но тој одбивал. Освен пешачењето, Мајкл се подложил на диета во која ја избегнувал брзата храна.


18-годишното момче вели дека не му било лесно, но резултатите го поттикнувале да стигне до целта.

Теренс Џоунс, дипломиран тренер од неговото училиште, вели дека приказната на Ватсон импресионала многумина.

“Тоа е пример за храбар развој на личноста која е реткост за еден средношколец. Одлуката на Мајк да живее поздрав начин на живот засекогаш ќе ми остане во сеќавање”, изјавила таа.

Џоунс додала и дека приказната на Мајкл инспирирала многу ученици кои имаат проблем со телесната тежина.

Translate »