Георгиевски: За секоја дивоградба за која има кривична пријава ќе нема спас
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски денеска на прес конференција најави дека за секоја дивоградба за која има кривична пријава ќе нема спас, па било чија да е. Додаде дека проблемот со нелегалната градба е урбанистички и социјален, но тука има и бизнис интереси.
-Ние секој случај посебно ќе го разгледуваме и кога ќе ја утврдиме фактичката состојба ќе нема селективна примена на решенијата. Долгогодишното катастрофално управување со Охрид резултира со сегашната состојба. Несоодветни законски решенија, задоволување на политички и финасиски интереси на одредени моќници, како и непринципиелните институции со години наназад се рак-рана на Охрид но и на државата. Нам ни останува да ја запреме натамошната девастација и деградација на Охрид и да поправиме дел од штетите од минатото, рече Георгиески.