Македонка од Словенија, прва европратеничка
Опозициската Словенечка Демократска Странка (СДС) на Јанез Јанша која е дел од ЕПП – победи на европските избори во Словенија, со освоени 26,4 % од гласовите или 3 пратенички места.
Веднаш зад партијата на Јанша се Социјал Демократите (СД) со 18.57% и 2 пратенички места и Листата на премиерот Маријан Шарец (ЛМШ) со освоени 15.61%.1 пратеничко место со 11.1% освои десничарската Нова Словенија.
Иако опозицијата победи, од листата на премиерот која освои 18.57% во Европскиот Парламент влезе Ирена Јовева.
Јовева, до овие избори важеше за позната новинарка на приватната телевизија Поп ТВ. Таа потекнува од Македонија, а израснала во Нова Горењска. Во изминатиот период, таа на најразлични начини ја поддржуваше промената на името на нашата земја во „Република Северна Македонија“.