Интервју со Томаш Росак, извршен директор на Saint-Gobain за Источна Европа: Одржување на општествената одговорност е во суштината на работењето на Saint-Gobain
Во Македонија, групацијата Saint-Gobain годинава прослави 10 години од отворање на своето претставништво, кое ги претставува трите брендови Isover, Rigips и Weber. Како совршен тајминг за одбележување на тој јубилеј дојде и најновата најава за донација на Saint-Gobain преку својата Фондација на 70.000 евра во општина Чашка за реконструкција на два објекти за социјално загрозени семејства и за обука на млади луѓе со градежни вештини.
Ова е трета донација на Saint-Gobain во нашата земја, предходно оваа компанија има донирано околу 80.000 евра за два проекти „Енергетска ефикасност на Здружението на пензионери Кавадарци“ и проектот „Реконструкција и енергетска ефикасност на Центарот за помош на лица со ментална попреченост Порака – Неготино“. Денес разговараме со г-дин Томаш Росак, извршен директор на Saint-Gobain за регионот на Источна Европа.
Што претставува општествената одговорност за Saint-Gobain?
ТР: Во Saint-Gobain корпоративната општествена одговорност е значаен дел од нашата стратегија и ние сме навистина многу горди на нашите донации и нашите проекти за општествената одговорност во Македонија, кои ги реализираме со поддршка на нашиот локален партнер Хабитат Македонија.
Нашата општествена посветеност е и наша главна движечка сила. Исто така, нашите посветени и мотивирани вработени се од суштинско значење за успехот на нашата компанија. Со овие проекти ги здружуваме силите и директно сме посветени на подобрување на условите за живот на социјално загрозени лица кои живеат во објекти за социјално домување. Тоа го правиме преку реконструкција на нивните домови, преку интеграцијата на младите во општеството, а во исто време го зголемуваме нашето позитивно влијание на сите вклучени во нашиот синџир на вредности, со минимизирање на нашиот јаглероден отпечаток.
Така, ова е совршен пример да ги покажеме нашите вистински приоритети, и да истакнеме дека столбовите за општествената одговорност и животната средина се неразделни. Мотивацијата на нашите тимови и активацијата на Saint-Gobain во целина зависи од почитувањето на нашите заложби на овие две полиња. Декарбонизацијата на градежниот сектор со нашите високо ефикасни и одржливи решенија, овозможува зачувување на природните ресурси, охрабрување на циркуларната економија, и намалување на потрошувачката на енергија, што претставува значајна и движечка сила за сите нас.
Кои се главните предизвици со кои Saint-Gobain се соочува кога нуди решенија на пазарот на земјите од Источна Европа
ТР: Во срцето на нашиот бизнис, се стремиме кон фокус на вистинските носители на одлуки, а тоа за нас се корисниците, т.е. оние кои директно ги применуваат нашите решенија. Нашите идни изгледи и можности за раст зависат од нашата способност да ги исполниме нивните барања. Ова се предизвиците што не водат напред и со нашите решенија со високи перформанси се обидуваме да го подобриме животот на луѓето како директни корисници, кога на пример сакаме да им покажеме на сите дека не даваме само ветувања, туку и го спроведуваме она што го кажуваме.
Кои се вашите приоритети за иден напредок?
ТР: Нашиот прв приоритет е да ја зајакнеме комуникацијата за важноста на одржливоста на пазарот, да направиме подобрувања на пакувањето, намалување на јаглеродниот отпечаток и зголемување на циркуларноста на нашите решенија. Дополнително, сакаме да воспоставиме се поблизок однос на соработка со оние кои ги применуваат нашите решенија: се стремиме да бидеме поблиску до нив и да ги гледаме како вистински партнери, со јаснa мисиja во нашите организации, без разлика дали се работи за архитекти, инвеститори, градежни компании или пак за приватни корисници.
Кои се вашите главни ветувања за клиентите поврзани со растот на бизнисот и профитабилноста?
ТР: Нашиот бизнис се заснова на нашата заедничка визија: „Заедно, создаваме одржлива иднина со подобри услови за работа и живот“. Имаме три главни ветувања за нашите клиенти: да станеме поодржливи, да воспоставиме повеќе партнерства и да инвестираме во повеќе иновации.
Да се биде поодржлив значи да се биде посветен на подобрување на здравјето и благосостојбата и на корисниците и на жителите во објектот и развивање на поеколошка понуда. Поголемо партнерството значи поголема соработка со корисниците за подобрување на нивните работни услови, поддршка на нивната професија и обука.
Последно, но не и помалку важно, иновацијата значи дизајнирање на најефективното решение во поглед на естетика, комфорт, олеснета работа, функционалност и продуктивност. Комбинацијата на сите овие фактори може да ни овозможи да ги оствариме поставените цели, во поглед на бизнис волумен и на профитабилност.
За крај, би сакал да ја повторам визијата на Saint-Gobain, која го предводи патот кон одржливо градежништво и нашата цел: Making the World a Better Home.