Подобро е да живееш макар еден ден како лав отколку сто како овца: најдобрите италијански поговорки

Италијанците имаат што да кажат! Ако ви е потребна мотивација, начин да разберете нечие однесување или едноставно сакате да научите нешто повеќе за животот – прочитајте ги овие неверојатни италијански поговорки што длабоко ќе ве замислат.

Подобро матно вино отколку бистра вода.

Утрото е мајка на работата, а ноќта е мајка на мислите.

Парите што се заштедени се двоструко заработени.

Тој што се смее без причина, треба уште да се воспитува.

Можеме да го кажеме тоа што не го знаеме, но не можеме да го дадеме тоа што го немаме.

Еден цвет не прави венец.

Кога убава жена се смее, паричникот плаче.

Движи се полека за да не се крене прашина.

Наутро виното е оловно, попладне е сребрено, а навечер е златно.

Убавината има прекрасни листови, но горки плодови.

Кој е нестрплив, не е заљубен.

Устата понекогаш се смее без срцето да знае за тоа.

Нема свадба без солзи, ниту пак погреб без насмевки.

Што повеќе го жртвуваш своето јас, толку посилна и повистинска е твојата љубов.

Не е убаво тоа што е убаво, убаво е тоа што ни се допаѓа.

Да љубите, а да не бидете љубени е исто што и да одговорите, а никој да не ве вика.

Последното одело се прави без џебови.

Сеќавањето на страдањето ја зголемува среќата.

Странскиот јазик подобро се учи во кујната одошто во училишните клупи.

Кариерата што ни се допаѓа никогаш не е доволно платена.

Кој нема деца, не знае што е љубов.

Постојат повеќе луѓе што се поседувани од богатство од оние што поседуваат богатство.

Љубовта е слепа, но се гледа од далеку.

Каде што недостасува сила, надополнуваме со волја.

Подобро е да живееш макар еден ден како лав отколку сто како овца.

Знаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот

kafepauza.mk

Translate »