Се ближи ли крајот на проблемот со опасниот линдан?

Дали си ближи крајот на големиот еколошки проблем со линданот кој е складиран во кругот на некогашниот хемиски гигант Охис. План има, а потребните средстваќе ги обезбеди Владата, а дел и од други извори.

Од почетокот на јули точно ќе се знае кога ќе почне најголемата еколошка акција чисте на линданот од дворот на Охис. Во овој период ќе се знае колку точно пари ќе бидат обезбедни за почеток на акцијата. Дел од средставата ќе бидат од владата, а дел од надворешни учесници.

За Петровска се е подготвено, тендерот е подготвен се чекаат парите. Според привчните проценки потребни се од 60 милиони до 250 милиони евра доколку се земе скапа процедура. Надоврешн и искусни фирми треба да го дислоцираат линданот. Акција која ќе трае и до пет години. Важно е обезбедување на просторот, поставување на балон, каде не смее да се дозволи материите да излезат од почвата кон воздухот. Засега станува збор за две потврдени депонии „мала и голема депонија“  на површина до 50 илјади тони контаминирана почва. Се уште треба да се прави истражувањето кај местото Пеленица во близина на Драчево каде има соменевање дека и таму има линдан.

Што преставува линданот? Овој отпад е остаток од производството на пестицидот Линдан, кој се произведувал во фабриката Охис, во 2009година неговото производство е забренето и некогашниот производ е прв на листата на канцерогени производи. Под овие дрјва во железни буриња се закопани над илјади тони канцероген отров во дворот на Охис веднаш до булерварот „Борис Трајковски затворен во железни буриња. Според хемијата тој се распаѓа и се пренесува преку подземните води и воздух. Живее во растенијата, животните, човекот.

Фабриката е прв сосед на скопските наслеби Пинтија и Лисиче. Според исптиувањата почата е заразена,а она што загрижува е дека се одгледува зеленчук. Линданот предзивикува рак на црниот дроб, заболување на лимфните јазли, но и хормонален дисбаланс, медицински случаи потврдиле дека девојчиња пред својата девета година веќе имаат менструален циклус.

Translate »