Предностите на солената вода

Солената вода има исклучително многу предности за убавината, без разлика дали доаѓа директно од морињата или е приготвена од нас самите.

Токму таа е важен дел во многу козметички процедури и е пожелно да биде непроменлива компонента од домашните грижи за убавината.

Од тоа да смирува егземи до тоа да ја прави кожата мека и мазна, предностите се безбројни. Еве некои од нив.

1. Солената вода има многу минерали како магнезиум и калиум, кои помагаат при многу и различни кожни проблеми. Тие апсорбираат токсини во телото и кожата, вклучувајќи ја бактеријата, што предизвикува акни. Солената вода ги зајакнува процесите на заздравување. Магнезиумот не само што го ублажува чешањето, но и го спречува развојот на габи и бактерии.

2. Природното својство на солената вода да ја намалува влагата може да помогне при хиперпродукција на себум од кожата, што доведува до маснотијата.

3. Може да се користи како вода за уста, бидејќи ги убива бактериите. Помага при чистењето на непцата и го отстранува лошиот здив. Освен тоа влијае поволно при орални проблеми како гингивитис и халитоза. Промешајте морска сол во топла вода и жабуркајте околу 30 до 60 секунди.

4. Солената вода има пилинг својства. Минералите во неа помагаат за отворање на порите и подлабоко чистење. Користењето им овозможува на навлажнувачките производи да навлезе подолго во кожата.

5. Солената вода е природен начин да ја смириме и олесниме болката во мускулите.

Translate »