(ФОТО) Гори во близина на Арена „Борис Трајковски“

Пожар избувна во близина на Арената „Борис Трајковски“. Противпожарни екипи се на терен и се обидуваат да го изгасат пламенот. За вечерва е закажана Конвенција на СДСМ во Скопје, во салата „Борис Трајковски“ на која ќе биде претставен претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. Од Министерството за внатрешни работи само потврдуваат дека кај нив е пријавен пламен позади арената и велат дека пожарот го нема зафатено објектот „Борис Трајковски“.

Translate »