НАСА пронашла Суперземја каде што би можело да се живее
Планетата, оддалечена околу 31 светлосна година од нас, која ја снимил сателитот „Тес“ на НАСА, според мислењето на научниците би можела да има идеални услови за развој на живот
НАСА на планетата не и дала баш оригинално име, „GJ 357d“, но научниците и го додале прекарот Супер Земја поради претпоставката дека на неа владеат слични услови како на Земјата, само што е многу поголема од нашата планета.
„Многу сме возбудени, бидејќи мислиме дека ова е првата блиска Суперземја на која луѓето би можеле да живеат“, навела Лиса Калтенгер, раководител на ова истражување.
„Поради густата атмосфера планетата „GJ 357d“ би можела да содржи вода на својата површина, како Земјата, и се надеваме дека во наредните снимања ќе успееме да забележиме и знаци на живот“, додала Калтенгер.
Дијана Косаковски од Институтот за астрономија „Макс Планк“ во Хајделберг, која е ко-автор на посебен труд од областа на астрономијата и астрофизиката, смета дека новооктриената планета се наоѓа на надворешната орбита околу својата ѕвезда и дека до неа допира речиси ист износ на енергија како што допира до Марс од Сонцето.
„Доколку планетата има густа атмосфера, што ќе биде утврдено во наредните истражувања, би можела да содржи доволно топлина за да се загрее и да овозможи на неа да има течна вода“, наведува Косаковска.
Во близина на „GJ 357d“ се наоѓа и „GJ 357b“, која е наречена „Жешка Земја“ и која е за околу 22 проценти поголема од нашата планета. Тука е и „GJ 357C“, окја е најмалку 3,4 пати поголема од Земјата.
Научниците сметаат дека овие две планети се прежешки за живот, но дека GJ 357d би можела да има совршени услови за настанување и опстанок на живот.
Самото сознание дека на планетата би можело да има течна вода ги мотивира научниците да пронајдат начин да откријат дали на неа има знаци на живот.