МЕНИТО НА НАЈГОЛЕМИТЕ ДИКТАТОРИ: Јаделе кучиња, змии, па дури и луѓе
Светските диктатори имале необични ритуали за време на јадењето, а повечето од нив сакале да јадат храна за која може да кажеме дека е екстремна. Така на пример некои сакале да јадат гулаш од кобра, кучиња, па дури и луѓе.
Многу детали се објавени во книгата „Вечерата на диктаторот: Водич за забава на тиранинот“, а ова се само некои од нив.
КИМ ЏОНГ ВТОРИ наводно сакал супа од пераи од морски лав, но и супа од „обично“ куче. Постои приказна дека една жена водела сметка во јадењата од ориз сите зрна да имаат иста големина.
АДОЛФ ХИТЛЕР бил вегетаријанец, а некои веруваат дека тоа е заради идеологијата. Сепак веројатно престанал да јаде месо затоа што страдал од запек и гасови во стомакот. Велат дека до крајот на Втората светска војна јадел само бистра супа и пире компир. Параноично се плашел од тровање, па во тимот имал дури 15 луѓе кои му ја испробувале храната. Ако никој од нив не умрел по 45 минути по јадењето, Хитлер почнувал да јаде.
ЈОЗЕФ СТАЛИН сакал традиционална грузиска кујна – јаткасти плодови, шипки, сливи, лук и добри вина. Уживал во долги оброци кои траеле и по шест часа, а сакал и пиење во кое останувал последен на нозе. Во неговиот тим кувар бил и дедото на Владимир Путин – Спиридон.
БЕНИТО МУСОЛИНИ обожувал лук, маслинов зејтин, лимун, а француската кујна ја сметал за безначајна. Јадел на семејната маса, со сопругата и нивните пет деца, а сите морале да седат пред неговото доаѓање.
Диктаторот од Уганда, ИДИ АМИН наводно јадел 40 портокали на ден, а за време на азилот во Саудиска Арабија најмногу уживал во поховано пилешко. Го усвоил и британскиот обичај на пиење чај попладне.
ПОЛ ПОТ уживал во „машка храна“ – месо од дива свиња, срнешко, коњак, кинеско вино, но и гулаш од кобри. Додека сиромашниот народ можел да си дозволи само разреден ориз, тој уживал во луксузни вечери.
Најомилено јадење на НИКОЛАЈ ЧАУШЕСКУ биле вегетаријански лазањи, но и обична салата од домати и лук со малку фета сирење и месен нарезок. Но исто бил опседнат и дека ќе го отрујат, па на официјалните вечери ја фрлал храната на под.
За првиот претседател на Екваторијална Гвинеја, ФРАНЦИСКО МАЦИАС НГУЕМА се знае дека сакал да пие чај од халуциногени билки. За прехранбените навики не се знае многу, но се шпекулирало дека тој всушност е канибал кој собира черепи во својот фрижидер.
Диктаторот од Хаити ФРАНСОА „ПАПА ДОК“ Дувалијер главно јадел лесна храна зарадо бројните здравствени проблеми, дијабетес, проблеми со срцето и артритис кој толку му се влошил што сопругата морало да го храни.
Лесните јадења биле увертира во нешто потешкиот облик на забава по оброкот. Имал подземен затвор обоен во крваво црвена боја каде ги мучеле неговите непријатели, а Папа Док живал да гледа.