Фатиме Фетаи за Јанева: Никој не е недопирлив

Обвинителката во СЈО, Фатиме Фетаи пред да влезе во судница беше пресретната од новинарите кои побараа од неа изјава за синоќешното апсење на нејзината шефица Катица Јанева.

Фетаи категорично рече дека „Секој кој се огрешил пред законот мора да одговара“.

Работите конечно се придвижуваат кон позитивна насока, во нашата држава и едноставно никој не е недопирлив“, исто така обвинителката истакна дека индивиудална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО, не смее да биде изговор и да се заборави целокупниот направен криминал кој беше направен во нашата држава, во последниот период.

Фетаи потенцираше дека тимот на СЈО е целосно посветен на својата работа, барање правда.

Translate »