Трајковска: Веќе не веруваме ни во Рускоска, ни во судот, ни во носителите на јавни функции, ни во експертите …
Проблемот лежи во фактот дека не веруваме.
Ни кога ќе ја приведете, ни кога ќе ја пуштите да се брани од слобода, ни кога ќе ја притворите.
Не веруваме. Никому и за ништо. Ни на институциите, ни на партиите, а на овие што викаат од опозиција пак ич.
Веќе не веруваме ни во Рускоска, ни во судот, ни во носителите на јавни функции, ни во експертите и професорите, за жал ни на медиумите…а воопшто пак не им веруваме на слаткоречивите странци што подлажуваат додека ни даваат шеќерче.
Џабе везете, неколкупати, море стотици пати ја утепавте довербата на граѓаните и сега сите гледаат завера, местење, договор, мафија, спасување на нарачателите, режија, сценски сет кој денеска беше растурен со апсењето на троседот, двоседот и фотелјата.
За жал, сите бараме завера, сценарио и да ја откриеме фарсата на стресното лето што ни го приредивте.
Тоа е една од главните и најважна придобивка од 28 години независност и транзициска демократија на Република Македонија.
#Честитки