Меланија го заведе Трудо
Првата дама на Америка и поранешна манекенка, Меланија Трамп, и на Г7 самитот во Биариц, Франција, покажа дека никој не ѝ е рамен кога елеганцијата е во прашање, но она што на многумина исто така не им остана незабележано е „повеќе“ од срдечниот поздрав со канадскиот премиер Џастин Трудо. Веднаш по нивното пристигнување на самитот и вообичаената размена на љубезни зборови, твитерџиите побрзаа да го искоментираат поздравот на секогаш елегантната Меланија Трамп и Канаѓанецот Џастин Трудо, кој го нарекоа „заводнички“.
Другите отидоа дотаму што посочија дека и Меланија буквално се „истопи“, како впрочем и многу други жени во политиката, кои исто така секогаш имаат широка насмевка за канадскиот премиер.
Од тие причини никој не можеше да и забележи и на Меланија која како што велат „не му одолеа на шармот“ и покрај тоа што нејзиниот сопруг стоеше во непосредна близина.
Меланија во Биариц пристигна со својот сопруг, американскиот претседател и познат бизнисмен Доналд Трамп, и повторно ги воодушеви сите со своите совршени аутфити.
Таа на Г7 Самитот најмногу се дружеше со Брижит Макрон, но и со останатите први дами и сопруги на политичарите. Она што беше забележливо е дека во буквално секоја пригода таа изгледаше беспрекорно во различни модни комбинации.
Така, додека политичарите разговараа за проблемите во светот, нивните сопруги се шетаа, се дружеа и се фотографираа. Главни меѓу сите нив очигледно беа Меланија и Брижит и обете со беспрекорна појава.
Така, на средбата со останатите дами Брижит Макрон облече фустан „Луис Витон“, додека пак Меланија се одлучи за бел фустан со дезен.