Страшни предупредувања на научниците: Светот да се подготви за масовен егзодус – 200 милиони луѓе ќе бегаат од потопот!
Агенцијата на Обединетите нации за миграција објави катаклизмични предвидувања за последиците од климатските промени кои не очекуваат на глобално ниво.
Според предвидувањата на агенцијата на Обединетите нации, поради сушите, поплавите, пожарите и гладта поврзани со климатските промени, до 2050-та година најверојатно околу 200 милиони луѓе ќе бидат присилени да ги напуштат своите домови.
Групата на меѓународни научници кои се залагаат за заштита на животната средина смета дека единствениот начин со кој може да се избегне масовниот егзодус е на време да се започне со планирање на неизбежното „повлекување“ од крајбрежните градови.
Human Civilization Will Crumble by 2050 If We Don’t Stop Climate Change Now, New Paper Claims http://dlvr.it/R611NM
345:32 PM – Jun 4, 2019Twitter Ads info and privacy30 people are talking about this
„Соочени со глобалното затоплување, порастот на нивото на морето и климатските екстеми кои покажуваат само тенденција на јакнење, ние веќе не ни го поставуваме прашањето дали некои заедници ќе мора да се повлечат од крајбрежјата за да се спасаат и избегнат материјална штета, туку зошто, кога и како ќе дојде до повлекувањето“, пишуваат авторите на научната студија објавена на порталот “Live Science”.
Според нив, луѓето уште сега треба да започнат да се повлекуваат од крајбрежните краеви и веруваат дека тоа би можело да биде прилика за ревитализација на заедниците и прераспределба на богатствата на одржлив начин.
„На Гренланд веќе има доволно мраз кој би можел да го зголеми нивото на морето за 7,6 метри, што би можело да биде разорно за крајбрежните краишта ширум планетата. Веќе би требало да се повлекуваме од крајбрежните подрачја, затоа што ќе се соочиме со многу загубени метри во следниот век или два“, изјави океанографот на НАСА, Џош Вилис за „СиЕнЕн“.
Greenland’s ice sheet just lost 11 billion tons of ice — equivalent to 4.4 million Olympic swimming pools — in one day https://cnn.it/2T4RW2i Greenland’s ice sheet just lost 11 billion tons of ice — in one dayGreenland’s ice sheet just experienced its biggest melt of the summer, according to scientists, losing 11 billion tons of surface ice to the ocean.cnn.com6,7473:42 PM – Aug 2, 2019Twitter Ads info and privacy6,016 people are talking about this
Овогодишниот 2-ри август влезе во историјата кога станува збор за губењето на замрзната површина, а тоа е последица на големиот топлотен бран кој ги погоди Соединетите Американски Држави и Европа.
Промените на Гренланд влијаат на целата планета затоа што милијардите тони мраз кои се топат го подигаат нивото на морето во Австралија, Азија, Европа и САД.