Како да постигнете совршен баланс во телото – “Идеален метаболизам “

45f1e56391d504554cab562b8fcbfa6b

Постигнувањето на идеален метаболизам е тешко. За некои луѓе тоа чини огромни напори и упорност . Но, многу луѓе мислат дека чини и бројни лишувања, а тоа не е сосема така.

Сара Венс, авторката на книгата за јадење и постигнување на совршен баланс во телото “Идеален метаболизам “, советува како да ги примените 10-те клуча за рестартирање на метаболизмот и за обновување на виталноста.

Планот за идеален метаболизам не е диета, при што се пие исклучиво ниско калоричен сок. Тоа е хранлива програма создадена за да ви помогне да го рестартирате вашиот метаболизам. Тоа вклучува и готвење, но ако не сте добар готвач, не грижете се!

Многу луѓе кои ја исполниле програмата, се изненадиле и самите себе и блиските, со тоа какви готвачки вештини поседуваат. Од лично искуство авторката вели дека колку повеќе храна приготвувате, толку полесно и позабавно ќе станува.

Планирањето е еден од клучевите на успехот. На неколку дена седете да избирате рецепти кои сакате да ги пробате, а потоа шопинг. Во следните малку повеќе од три недели постепено ќе направите промени во вашиот живот и ќе се применат 10-те клуча за идеален метаболизам.

66e0d7605a11a2aa4ec837c23dba80ef

За некои луѓе тоа ќе биде целосна промена за други менување. Бидете внимателни кон себе. Ако ви треба повеќе време за да продолжите напред, одвојте си го, им вели на читателите Сара Венс. Еве што вели уште таа во својата книга:
Пречистувањето за идеален метаболизам поминува низ три фази:

Прва фаза: Играјте
Тој има за цел да ви помогне да се подготвите ментално и физички. Ќе започнеме со некои едноставни промени, како исклучување на шеќерот, избор на масти и ограничување на некои видови храна .

Слушнете ги срцето и телото, бидете грижливи за себе и направете избор, кој е корисен за вас.

Одвојте една недела на оваа фаза – или повеќе, ако е потребно.

Втората фаза: Рестартирање
Оваа фаза трае околу една-две недели (или подолго, ако сакате). Во оваа фаза ќе консумирате хранлива и прочистувачка храна, ќе ги избегнувате токсините, ќе мислите за варење и за исфрлање на отпадните производи.

7b1d883810d700f533361e72744cca5a

Во оваа фаза не треба да се чувствувате истормозени – телото ќе почувствува дека е нахрането и згрижено. Откако ќе престанете да земате токсини, тоа ќе почне да се прочистува и да се ослободува од старите отпадни производи. Ќе го поддржувате процесот со јадење многу сезонски овошја и зеленчук со влакна и ќе го зголемите внесот на вода.

Третата фаза: Реинтродукција на храна
Оваа фаза треба да трае околу една-две недели. Во тоа време систематски ќе ја пробувате повторно храната која била исклучена од првиот и вториот чекор, за да воспоставите колку сте чувствителни кон неа.

Идеално треба да се почека најмалку 24 часа пред да ја вклучите повторно следната храна, поради што оваа фаза може да трае и повеќе од една-две недели.

Четврта фаза: Вечната фаза
Во оваа фаза претстои фактичкото ажурирање. Целта е да се чувствувате препороден, подмладен, со јасен ум и вооружени со нови знаења за своето тело. Важно е да се потрудите да не си ги враќате старите навики и да продолжите да вклучувате растителна биохрана и извори на здрави масти.

Translate »