Tremendous маскара – неверојатни резултати уште со првото нанесување
Што ја прави модерната жена впечатлива, привлечна и заводлива? Тајната се крие во нејзиното моќно присуство, начинот на кој таа го искажува својот карактер и самодовербата која ја поседува. Желбата за промена е нешто што никогаш нема да не напушти. Да се биде поинаков, а сепак да бидеме ние е нешто за што го посакува секој човек.
Силната и експресивната моќ на очите делува како најинтензивна форма на говор на човечкото тело. Затоа ви го претставуваме новиот beauty тренд кој ќе ве следи низ вашите промени.
Орифлеим ја креираше The ONE Tremendous маскарата за голем волумен – тајната состојка за неверојатен и моќен изглед на очите, која ќе го привлече вниманието на сите присутни. Ексклузивната суперголема Tremendous четка, со повеќе од 300 меки влакненца и капацитет 5 за боја, дејствува заедно со иновативниот кремаст состав на The ONE и густите црни пигменти, за да остави извонреден впечаток со до 24 часа воодушевувачка долготрајност.
Нова, неверојатна димензија
Новиот изглед е резултат на совршена синергија на волумен во повеќе димензии, кои дејствуваат во хармонија за да создадат неверојатен изглед на трепките уште по првото нанесување. Бидете уникатни во секоја пригода.
И еден интересен историски факт:
Да се потсетиме дека уште од самиот почеток луѓето се труделе да ја истакнат својата убавина. Сепак Египќаните биле првите луѓе кои почнале да се шминкаат. Уште во Антички Египет се користеле различни предмети за шминкање. Најголем претставник во тоа време е египетската кралица Клеопатра, на чија убавина никој не можел да одолее. Во тоа време за шминкање најмногу се користеле црните растенија. Тие ги ставале на внатрешноста на очите за изразување, а со мрсните текстури на овие растенија, како што се фарбала косата, се фарбале и веѓите и трепките. Во тоа време не се шминкале само жените, туку и повеќето мажи. Освен тоа, шминката имала и заштитна улога – ја штитела кожата и очите од пустинската прашина и сонце, од правот и можните инфекции.