Погледнете во домот на Брус Вилис

Холивудскиот актер Брус Вилис ги отвори вратите од својот прекрасен дом во Бедфорд Хилс, Њујорк, за „Elle Decor“.

Тој позираше со сопругата Ема Хеминг и двете мали ќеркички за фотосесијата за популарното списание.Вилис има и три поголеми ќерки со поранешната сопруга Деми Мур – Румер (29), Скаут (26) и Талула (23).

Брус Вилис со семејството

62-годишниот актер и 39-годишниот модел, кои се во брак од 2009 година, даваат сè од себе да ги израснат 5-годишната Мејбел и 3-годишната Евелин во мирно соседство и подалеку од будното око на медиумите.

„Сакаме нашите деца да имаат повеќе простор и двор во кој ќе можат да трчаат. Исто така, сакам да ги чувам децата колку што може позаштитени од папараците“ – изјавила Ема.

Брус Вилис со семејството

„Прво и основно, сакаме нашиот дом да биде пријатен и топол. Не сум луда по идејата работите во нашата куќа да бидат скапоцени. Сакам луѓето да дојдат и да се чувствуваат 100% комфорно, ставајќи си ги нозете на каучот“ – додала таа.

Брус Вилис со семејството

 

Брус Вилис со семејството

Брус Вилис со семејството

Брус Вилис со семејството

Брус Вилис со семејството

Брус Вилис со семејството

 

Translate »