Промоција на меѓународното списание за култура и книжевност “Книжевно перо”
Промоција на новиот број на меѓународното списание за култура и книжевност “Книжевно перо”, се одржа вчера во уметничкото студио Фантаст во Скопје.
Промоцијата ја отвори почесниот претседател Валерио Орлич и копромоторите Емилија и Стојче Тоциновски.
Списанието беше претставено во Ријека, Белград, Суботица и Нови Сад.
Господинот Орлич направи краток увод на 16-от број од списанието чија тематика е книжевна, театарска и филмска критика. Покрај есеите, прозата и патописите кој се напишани од меѓународни автори, списанието даде предност на значајните светски поети.
Од македонските автори се претставени Драгана Евтимова и Борче Панов со по три песни. Уредникот го претстави и скорешното издание во припрема на ХКД Задар и со три извадоци од романот Херетична.