Важноста на витаминот Ц во негата на кожата!
Витаминот Ц е познат и како аскорбинска киселина – по името на болеста скорбут, која е предизвикана од недостаток на витамин Ц. Витаминот Ц е основна хранлива материја за нашето тело. За жал, ние не можеме сами да го произведуваме, но го добиваме со внес на овошните плодови како портокали, лимони, јагоди, киви, кои се најбогатиот природен извор на витамин Ц.
Зошто витаминот Ц е важен во нега на кожата?
Витаминот Ц е широко препорачан во исхраната за целокупно подобрување на здравјето и состојбата на имунолошкиот систем. Исто така е ефикасна состојка за нега на кожата. Научните студии покажаа дека кога се нанесува на кожата, витамин Ц делува како моќен антиоксиданс кој го зајакнува и штити епидермисот. Нашата кожа не може да произведе витамин Ц, затоа мора да го внесуваме. Директното нанесување е најдобриот начин да го добиеме таму каде што е потребно. Антиоксидантите го неутрализираат дејството на слободните радикали, коишто можат да ги оштетат протеините, липидите и ДНК на клетките на кожата. Покрај тоа, витаминот Ц е важен фактор во одржувањето на тонусот на кожата, бидејќи стимулира синтеза на колаген. Како резултат на тоа, кожата е сјајна и подмладена.
Колку всушност витамин Ц има во бустерот?
Формулата на Eucerin®Hyaluron-filler Витамин Ц Бустер содржи 10% чист медицински витамин Ц во прав – концентрација која нуди оптимална рамнотежа помеѓу ефикасноста и толеранцијата на кожата. Колку е поголема концентрацијата на витамин Ц, толку е потешко кожата да ја толерира. Студиите покажаа дека поголема концентрацијата од 20% не ги зголемува биолошките придобивки од користењето на витамин Ц, додека во исто време може да предизвика иритација на кожата1.
Зошто витамин Ц треба веднаш да се активира?
Горниот дел на вијалата содржи чист витамин Ц во прав, кој се ослободува во серумот со притискање на нејзиното меко дно; хидросолубилниот прав и емулзијата во вијалата моментално се мешаат во серум со ефикасен витамин Ц. Ова е важно, бидејќи при контакт со воздухот, витамин Ц со тек на времето природно ја губи својата ефикасност. Тој оксидира и добива портокалова боја. Поради овие причини, најдобро е производот да го искористиме во наредните 3 седмици, сметајќи од денот кога сме го активираме витаминот Ц во формулата.
За кого е наменет Eucerin®Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер?
Производот е погоден за секаков вид нега на кожа, особено ако сакате да го подобрите нејзиниот тонус и да ги измазните брчките. Се препорачува како еден од првите производи за подмладувачка нега на кожата. Витамин Ц Бустер е одличен додаток на палетата производи Eucerin®Hyaluron-Filler, така што оние што користат производи со хијалуронска киселина можат безбедно да го додадат витамин Ц Бустерот во својата рутина. Содржината на хијалуронската киселина во кожата започнува да се намалува уште на возраст помеѓу 20 и 30 години, кога процесот на регенерација се забавува. Затоа Eucerin®Hyaluron-Filler Vitamin C Бустер е вистинскиот производ ако сакате навреме да започнете со подмладувачка нега на кожата.
Кои се активните состојки и како делуваат тие?
Eucerin®Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустеркомбинира неколку ефикасни состојки кои заедно постигнуваат одлични резултати против стареењето на кожата.
Витаминот Ц во чиста форма и концентрација од 10%, кој се активира при првата употреба на производот, го неутрализира екстрацелуларниот оксидативен стрес предизвикан од прекумерна изложеност на сонце или загадување на воздухот и ја подобрува синтезата на колаген во епидермисот. Бустерот користи витамин Ц во активна форма. Најчесто користените форми на витамин Ц во козметиката имаат антиоксидантно дејство само на површината на кожата или мора да бидат трансформирани од кожата за да навлезат во нејзините горни слоеви. Чистиот витамин Ц не треба да се трансформира за да биде целосно активен.
Хијалуронска киселина е важен дел од структурата на клетките на кожата. За жал, со текот на годините нашата кожа ја произведува во помали количини. Кратковерижната хијалуронска киселина која е една од главните состојки во витамин Ц Бустерот, продира длабоко во епидермисот и ја стимулира сопствената епидермална синтеза во кожата. Како резултат на тоа кожата се регенерира и се измазнува.
Покрај тоа, производот содржи и ликохалкон A, моќна состојка која ја зајакнува одбраната на кожата од слободни радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива светлина (HEVIS). Ликохалкон A помага во неутрализирање на слободните радикали, со што се зајакнува дејството на витамин Ц и ја заштитува кожата од оксидативниот стрес како резултат на сончевото зрачење.
Кога и како се користи производот?
Eucerin®Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер може да се користи наутро или навечер. Се нанесува секојдневно на чиста кожа, пред да се нанесе хидратантниот крем за нега. Неговата лесна текстура дозволува брзо да се апсорбира во кожата. Ако се користи како дел од дневната нега, секогаш се нанесува прво бустерот, а потоа хидратантниот крем или кремот за заштита од сонце. Производот е одлична основа за шминка.
Какви се клиничките иследувања кои ја докажуваат ефикасноста на Eucerin®Hyaluron–Filler Витамин Ц Бустер?
Баерсдорф спроведе бројни инвитро2 проучувања, за да ја определи ефикасноста на клучните активни состојки. Неколку инвиво проучувања ја докажуваат ефикасноста и подносливоста на формулата со витамин Ц. Едно од најважните откритија е дека комбинацијата од витамин Ц и ликохалкон А формира по-добар антиоксиданс, споредено со користење само на витамин Ц. И двете комбинирани активни состојки ги неутрализираат слободните радикали од УВ зраците и HEVIS светлината.
Дали производот е погоден за нега на чувствителна кожа?
Дерматолошки докажано е дека Eucerin®Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер има голема подносливост од сите типови на кожа, вклучувајќи ја и чувствителната кожа. Сепак, аскорбинската киселина може да ја зголеми чувствителноста на кожата, на пример на сонцето. Спротивно на тоа, ликохалкон A исто така има противвоспалително дејство и помага во смирување на иритација. За време на користење на производот и една седмица потоа, секогаш препорачуваме да ја заштитите кожата со производ за заштита од сонце.