Американско-руска „пресметка“ во Арапското море: Рускиот брод се приближил агресивно…
Руски воен брод „агресивно“ се приближил до американски разурнувач во северното Арапско море, соопштено е денес од базата на Петтата флота на американската воена морнарица сместена во Бахреин.
Американскиот разурнувач „Фарагот“ испалил пет сигнали и побарал од рускиот брод веднаш да го промени курсот.
„Рускиот брод на почетокот го одби тоа, но на крајот го промени курсот и двата бродови се оддалечија еден од друг“, стои во соопштението на американската воена морнарица.