(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани нов управен и нов надзорен одбор, најави денеска скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Тој ги повика институциите, организаците и сите заинтересирани граѓани заеднички да направат анализа на досегашното работење на „Дрисла“ и да ги утврдат следните чекори по неповртано изгубените девет години.

По раскинувањето на договорот со досегашниот концесионер ФЦЛ „Амбиенте“, градоначалникот не очекува тужби.

„Две години водевме филигрански прецизна правна игра за Градот да не може да биде предмет на руба“, рече Шилегов. Тој нагласи дека негова основна грижа ќе биде депонијата да ја направи санитарна, оти, според него, досега не била санитарна. Тој најави дека со анализите на работењето ќе се утврдува и каков сè отпад бил согоруван и складиран по скандалот со ѓубрето во Бугарија, во кој е вмешан досегашниот директор на „Дрисла“, Горан Ангелов.

Translate »