Ѓоко Ѓорчев и „Бовин“ го најавуваат концертот – „На Скопје со љубов!“
На 4. март, во Дом на Армија во Скопје, Ѓоко Ѓорчев ќе го одржи концертот „На Скопје со љубов“…
Родениот Неготинчанец кој повторно заедно со „Бовин“ го организира концертот во март, во скоро секое свое интервју напоменува дека Скопје е центарот за сите случувања но и местото кое ви ја определува иднината…
„Ако Скопје и скопјани ве прифатат значи дека сте успеале. Се’ друго е бадијала. Тоа треба сите да го признаат, без оглед во која сфера се активни“, ни рече Ѓоко Ѓорчев и така на директен начин го објасни насловот на концертот.
После 14. месеци Ѓорчев повторно е со концерт пред скопјани. По фантастичниот концерт во МОБ сега е на ред нов, со старо – новата екипа и со нешто поинаков репертоар.
„Не можам да кажам дека во МОБ ја немав онаа неопходна поврзанст со
публиката. Бидејќи ја имав. Но, концертот на Перо Христов во Дом на АРМ
ми беше импулс плус да се определам за овој простор. Тоа е прекрасен
простор со многу топлина кој можеби има нецели 100 места помалку од МОБ.
Онаа топлина од концертот на Перо и поврзаноста со публиката беа
главната причина за изборот на Дом на Арм. Мислам дека тој простор е
неправедно запоставен од другите уметници. Како да го потценуваат на
цена на МОБ и Филхармонија а има невидена топлина и акустика“, ни ги
објасни Ѓорчев својот избор на Дом на АРМ за домаќин на неговиот нов
концертот.
Инаку, заедно со Ѓоко на сцената на Дом на Арм ќе бидат и Филип
Стевановски бенд кои се постојано покрај него на сите негови настапи. Од
изведувачите тука се Игор Џамбазов, Зоран Џорлев, трио „Џентлмен“, Кате
и „Соната“, Кате Танева, Ирена Крстевска Стевановски, Мери Младеновска…