Потрошувачки трендови 2020: Потрошувачите ја преземаат контролата во свои раце
Како што се менуваат времињата, со нив се менуваат и потребите и барањата на луѓето. А ова е особено важно за големиот број индустрии, меѓу кои и прехрамбената, кои се соочуваат со нови предизвици кога е во прашање задоволувањето на барањата на потрошувачите.
Истражувањето на трендовите на пазарот, кое го спроведе Euromonitor International, сведочи за некои драстични промени во однесувањето и барањата на потрошувачите. Според она што го покажуваат анализите, потребите на денешниот потрошувач се далеку поконкретни и поспецифични, фокусирани на превентивното здравје, практичноста, и секако, квалитетот. Задача на пазарот – односно на сите негови учесници – е да одговори на овие потреби.
Модерниот потрошувач преферира производи оптимизирани према неговите потреби, бидејќи сака да ги приспособи неговите ресурси кон најдобро искуство за себе и неговото семејство. Така, анализите покажуваат дека во последните неколку години значително е зголемена побарувачката за намирници и производи од растително потекло, од етички и социјално одговорни компании, со висок квалитет, дури и тоа да значи дека ќе купат помалку производи за истата цена. Потрошувачите полека ги преземаат работите во свои раце и се решаваат да вложат повеќе со цел да имаат поголема придобивка од она што го купуваат, со што инвестираат во себе и во својот добробит.
Целата прехрамбена индустрија се наоѓа среде мала, но значајна револуција. Во скоро сите сегменти се менуваат начините на производство, понудата, па дури и состојките, согласно со барањата на пазарот. Посебно зголемена е популарноста на производите без лактоза, кои стануваат посакувана и здрава алтернатива за милиони луѓе низ светот, без разлика на тоа дали се интолерантни на лактоза. Јогуртот, млекото и сите останати производи на млечна база кои не содржат лактоза вртоглаво брзо стануваат основни намирници во потрошувачката кошница, а компаниите што сакаат да останат во бизнисот брзо реагираат на овој тренд.
На домашниот пазар, еден од најбудните и најактивните производители е Лакталис МК, компанија која ги следи светските трендови со цел да понуди што подобри производи за своите потрошувачи. Од неодамна, низ маркетите ширум земјата можете да ги најдете нивните нови производи без лактоза – Алпско млеко, јогурт и кисело млеко. Совршени за сите оние кои на кои интолеранцијата на лактоза им претставува проблем, но подеднакво добри и за сите обични консументи, млечните производи без лактоза на Лакталис нудат врвен квалитет соодветен на сечија потреба и буџет. Како да ги најдете? Само следете ја жолтата пеперутка.
Анализата на Euromonitor International наговестува дека во иднина гореспоменатите трендови ќе се претворат во мегатрендови, односно ќе се прошират глобално и ќе го притиснат пазарот да се приспособи во целост према она што го бараат потрошувачите. Оние компании и производители кои доволно брзо ќе реагираат ќе бидат големи победници од оваа консумерска револуција, додека оние кои нема да ги препознаат знаците потенцијално ќе се соочат со целосно заостанување на пазарот.