Руски доктори забележале ‘чудна смрт’ во Ломбардија – 5 пациенти заразени од корона починале на мистериозен начин…
Руските доктори кои што пристигнале во Ломбардија за да им помогнат на Италијанците во лечењето на заразените пациенти од коронавирусот, утврдиле неколку ‘чудни смртни случаи’, како што пренесуваат руските медиуми.
Имено, тимот на руските епидемиолози, во болницата во Комо забележале неколку случаи кај пациенти кај кои бил дијагностициран коронавирусот, а потоа тие едноставно заспале и повеќе никогаш не се разбудиле.
За работата да биде уште почудна, тоа биле пациенти кои што имале многу благи симптоми на болеста и воопшто не биле во животна опасност, пренесуваат од „РИА Новости“.
Најмалку пет такви случаи биле идентификувани од страна на тимот на руски доктори во Италија.
Да ве потсетиме, Русија испрати 15 авиони за помош на Италија, пред сè со медицинска опрема, а специјалните тимови од околу 100 руски епидемиолози и специјалисти за санитарна заштита им помагаат на италијанските власти и доктори во борбата против Ковид-19.
Рускиот воен епидемиолошки тим, заедно со италијанските воени санитарци, извршиле целосна санитарна заштита и дезинфекција во 17 домови за стари лица во градовите во Ломбардија каде што ситуацијата моментално е најкритична.