На Хвар ноќевање од 7 до 8 евра, цените во рестораните преполовени
Хрватите се исплашени за новата сезона .На хрватскиот остров Хвар како да е март или ноември, отворени се само неколку ресторани, цените на пијалоците се преполовени, а ноќевање чини од седум до осум евра.
Наместо гужва и афтер парти, на островот се случи афтер корона пустош – пишува Слободна Далмација.
Никаде не се следат вестите за коронавирусот во светот како на Хвар. Секој ден мислиме што Трамп ќе стори. Бидејќи ако не се смири работа, ќе ги однесе ѓаволот и оние малкумина Американци кои мислеме дека ќе дојдат – изјави еден од жителите на Хвар.
Газдата на еден од најпознатите хрватски рестора “Кај капетанот“ Јурица Томовиќ, минатата година во овој период имал веќе десетина резервации, а оваа нема ниедна.
Лани во овој период имаше 400 до 500 јахти и едрилици, а оваа година само десетина. Со угостителство се занимавам веќе 41 година, но ова го немам доживеана. Вака не беше ни за време на војната. Не го отворив ресторанот, бидејќи нема за кого. Можеби ќе отворам 15 јуни, можеби 1 јули… Не е добро. Само на Хвар има стотина ресторани и објекти за брза храна. Не знам како ќе преживеат годинава, изјавил Томовиќ.