„За тебе“ – надеж за младите без родители: „Ние сме тука за оние што се откажале од исполнување на своите соништа“

Ова е прва непрофитна организација во земјава која работи исклучиво со млади лица пораснати без родители, односно лица кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители.

Утрово на нивните профили на социјалните мрежи споделија видео преку кое подетално објаснија која е всушност нивната мисија.

Имено, претседателката на здружението „За тебе“, Цеце Николова, во краткото видео порача дека младите лица, кои пораснале без биолошко семејство и ја изгубиле надежта во системот, веќе се ‘под нивна закрила‘ и даваат сè од себе за тоа да го променат.

„За тебе“ – надеж за младите без родители: „Ние сме тука за оние што се откажале од исполнување на своите соништа“

Кратко, информативно обраќање за тоа кои сме ние. 🙂Веруваме дека бројот на луѓе кои сакаат да нѝ помогнат во постигнување на нашата цел – постојано ќе расте! 💚Ви благодариме што постоите!

Posted by For you – За тебе on Thursday, August 13, 2020

Како што вели во објавата, тие неуморно работат со група млади без родители, кои на некој начин се помириле со фактот дека ова општество најверојатно нема разбирање за исполнување на нивните соништа, планови, идеи и цели.

„Тие немаат семејства. Тие немаат биолошко семејство кое може да застане позади нив. Затоа, нашето здружение, со ваша помош и поддршка застанува позади овие прекрасни луѓе и се труди да им биде семејството кое никогаш го немале“, вели Николова.

„За тебе“ – надеж за младите без родители: „Ние сме тука за оние што се откажале од исполнување на своите соништа“

„После 18 години тие сами се грижат за себе, мора да изберат работна позиција која ќе им овозможи достоинствен живот, а тоа е навистина тешко за дел од нив. Затоа постоиме, затоа нѝ требате и вие“, објаснува претседателката на „За тебе“. 

Translate »