Запознајте го рајот на Земјата – ”Плажата на љубовта”, но тајната на нејзиното настанување не е нималку романтична…
Иако островот го обликувал вулканска активност, оваа преубава плажа е создадена со експлозија на бомба.
Сред мексиканскиот архиплаг Мариета, се наоѓа местото на заљубените, ”Плажата на љубовта”.
Иако островот го обликувал вулканска активност, плажата настанала како резултат на експлозија на бомба.
Овој рај за заљубени се наоѓа на еден час пловење северозападно од местото Пуерто Ваљарта, а многу блиску до ненаселените острови Мариера.
Во последните години, Плажата на љубовта е многу интересна и романтична за љубителите на авантуризмот, па сè повеќе туристички агенции нудат тури до ова ”гнездо за заљубените”.
Иако целиот архипелаг Мариета е формиран под дејство на подводните вулкани, Плажата на љубовта настанала на поразличен начин – со бомбардирање.
На почетокот на 20-от век, ненаселените острови се користеле за воени тестирања, од страна на мексиканската влада.
Бомбите, најверојатно, се причина за топографијата на архипелагот, па и на скриената плажа за заљубените.
Островот Мариета во 2005-та година бил прогласен за национален парк за да се заштити подводниот живот во областа околу архипелагот, така што опасност од бомби повеќе нема да има.