ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ СЕ ЗАБРАНУВА СУШЕЊЕ АЛИШТА ВО ДВОРОВИ СО ПОГЛЕД КОН УЛИЦИ ИЛИ ПЛОШТАДИ

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, во објава на својата Фејсбук-страница пишува дека Советот на општината усвоил измени во Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, со кои се забранува сушењето алишта во дворните места на територија на општината кои имаат поглед на улица или на плоштад.

-Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија- вели Наумовски во коментар под објавата.

Во дворните места се забранува оставање, складирањеодносно собирање на каква било амбалажа, кабасти предмети од домаќинството, градежен и друг отпад и какви било други предмети што предизвикуваат нагрдување на изгледот и неуредност на просторот.

Во дворните места што се со поглед кон улица или плоштад, не е дозволено:
– сушење на алишта,
– тревата да биде повисока од 10 см,
– да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина,
– гранчињата на украсните и жбунести растенија да ја преминуваат регулационата линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето.

https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FAleksandarNaumoskizaGorce%2Fposts%2F2245747385572086&width=500

Општина Ѓорче Петров ја измени одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Со неа се забранува👇Целата…

Posted by Aleksandar Naumoski on Tuesday, August 25, 2020
Translate »