СДСМ: Минимална плата од 20.000 и просечна од 34.000 денари се целите на новата влада
Минимална плата од 20.000 и просечна од 34.000 денари до крајот на мандатот се целите на новата влада предводена од СДСМ. Новата влада предводена од СДСМ и од претседателот Зоран Заев има план за иновативна, стабилна, конкурентска економија, која ќе обезбеди стабилен економски раст, зголемување на минималната и на просечната плата – соопштија денеска од СДСМ.
Владата ќе продолжи со своите докажани заложби: раст на минимална плата до крајот на мандатот во висина од 20 до 40% и раст на просечната плата до крајот на мандатот од 20 до 30%.
20.000 денари минимална плата и 34.000 денари просечна плата до крајот на четиригодишниот мандат се целите на новата влада предводена од СДСМ и Зоран Заев.
Стапката на невработеност, за време на кризата ќе ја држиме стабилна, а по завршувањето на кризата ќе продолжиме да ја намалуваме за 3% годишно. Конечна цел е едноцифрена стапка на невработеност до крајот на мандатот.
Македонските граѓани на изборите ги поддржаа политиките кои водат напред, кон подобра иднина за сите, заедно можеме уште повеќе и уште подобро.