8 Правила кон кои се придржуваат глупавите луѓе

Честопати се случува луѓето да направат нешто и подоцна да сфатат дека тоа било огромна глупост. Можете да го намалите бројот на непријатни епизоди во вашиот живот, ако дознаете кои се 8-те навики што паметните луѓе ги одбегнуваат. Запомнете дека луѓето кои се глупави се разликуваат од оние кои само делуваат глупаво. Прочитајте кои се правилата што глупавите луѓе упорно ги следат…

 

1. Бидете категорични

Интелигентните луѓе ги разгледуваат работите од сите различни страни и не ја исклучуваат можноста дека можеби не се во право. Но, луѓето кои се премногу категорични и ги одбиваат сите останати гледишта, најверојатно не се доволно паметни. Чарлс Дарвин рекол: „Незнаењето дава самодоверба многу почесто од знаењето.“ Научниците спровеле истражувања и докажале дека колку помалку знаат луѓето, толку посамоуверени стануваат. Овој феномен се нарекува Данинг-Кругеров ефект.

2. Секогаш докажувајте ја вашата поента

Ова правило се јавува како резултат на претходното. Ако паметниот човек признае дека можеби греши, нема да стори сѐ само за да докаже дека е во право. Еве зошто:

  • Одзема време и енергија.
  • Ги нервира луѓето.
  • Нема да може да ги чуе туѓите мислења и ќе си ги ограничи гледиштата.

3. Држете ја вашата лутина

Ако не можете да престанете да му се лутите некому, не треба и не смеете да ја анализирате ситуацијата затоа што:

  • Постапките на вашиот противник можеби биле ненамерни, па така вашата лутина е бесмислена.
  • Вашиот противник можеби имал цел да ве повреди. Дали навистина треба да реагирате на провокации?
  • Личноста која ве повредила не го заслужува вашето внимание. Сѐ што треба да направите е да престанете да зборувате со неа.

Можете лесно да се справите со ваквите ситуации, само ако ги процените правилно. Но, со сигурност ќе потфрлите доколку се лутите некому.

4. Справете се со агресијата со помош на агресија

Една група истражувачи од Универзитетот во Мичиген откриле дека коефициентот на интелигенција е тесно поврзан со агресијата. Колку е поагресивен човекот толку пониска е неговата интелигенција. Научниците нагласуваат дека ниската интелигенција предизвикува склоност кон агресија на многу рана возраст, а понатаму ситуацијата се менува: Деструктивното однесување не ѝ дозволува на интелигенцијата да се развива.

 

5. Ако не успеете, откажете се

Слободно можеме да кажеме дека поразите нѐ прават подобри. Благодарение на нив, стануваме посилни, се обидуваме да најдеме алтернативни решенија и слично. Но, вистинските примери се многу поубедливи. Земете го примерот на Мадона! Менаџерот на едно музичко студио ѝ напишал писмо на Мадона за да ѝ каже дека таа е обичен почетник. Подоцна, кога таа потпишала договор, албумот бил продаден во повеќе од 10 милиони копии. Ви требаат уште примери? Џ.К. Роулинг била одбиена 14 пати пред да ја објави нејзината книга „Хари Потер и каменот на мудроста“.

6. Слушајте ги туѓите мислења

Се верува дека луѓето кои ги ценат туѓите мислења се многу срамежливи и скромни. Но, таквите поединци честопати мислат дека светот се врти околу нив и дека тие се во центарот на вниманието. Сите имаат свои проблеми. Ако луѓето обрнуваат внимание на вашата облека во моментов, тоа ќе се смени по 1 минута. Ако не се смени, тоа значи дека тие се подготвени да го потрошат сето нивно време во разговори за вашите проблеми. Дали таквите мислења навистина вредат? Паметните луѓе секогаш ги следат своите мислења и погледи.

7. Барајте совршенство

Треба само да ги следите вашите соништа и среќа, а тоа нема никаква врска со совршенството. Не постои ништо совршено на светов. Токму затоа, таквите цели се апстрактни и бесмислени. Освен тоа, заинтересираноста за перфекционизмот доведува до депресија. Дали мислите дека нормалните луѓе се обидуваат да се повредат себеси?

8. Обидувајте се да ги импресионирате другите

Паметните поединци секогаш забележуваат кога луѓето сакаат да остават позитивен впечаток со тоа што се преправаат дека се интелигентни или со помош на некаков уред. И тие навистина успеваат да остават впечаток, но со нивната глупавост. Секако дека нема ништо лошо во тоа што сте си купиле ајфон 8 затоа што е многу корисен и не можете да си го замислите животот без него. Но, ако ја жртвувате сета ваша заштеда за овој уред само за да ги импресионирате пријателите, тоа не е знак на висока интелигенција.

БОНУС: Глупавите луѓе не ги поправаат грешките од минатото

Ако мислите дека сте глупави затоа што сте се симнале на погрешна автобуска постојка, сетете се дека на аеродромот во Салцбург постои пулт за информации за оние коишто ги мешаат Австрија и Австралија.

 

Translate »