Студент го оставил прозорецот отворен пет месеци – се шокирал кога го видел станот
Студент од Велика Британија, кој го отворил прозорецот од својот стан пред да го остави така цели 5 месеци, го пронашол својот дом прекриен со птичји измет, откако се вселиле гулаби.
20-годишниот Олувагеорге Џонсон морал набрзина да го напушти изнајмениот стан во Нотингем уште во март, откако родителите дошле да го земат поради пандемијата на коронавирусот.
Тој заборавил на отворениот прозорец, а бидејќи неколку дена не забележале никакви активности, гулабите олучиле станот да го претворат во сопствен дом. Никој не ги вознемирувал птиците повеќе од 5 месеци, сè до минатата недела, кога работници слушнале необични звуци кои доаѓале од станот и влегле да истражат. Го затекнале станот прекриен со птичји измет, јајца во мијалникот и пердуви на сите страни.
Џонсон објаснил дека неговите родители наеднаш се појавиле пред станот за да го однесат дома.
„Луѓето велеа дека војската излегла на улиците и моите родители беа испаничени. Го оставив прозорецот отворен и не бев таму околу пет месеци“, рекол тој.
Минатата недела студентот по новинарство од северен Лондон добил мејл од управата на зградата со фотографии од катастрофата која ја предизвикале гулабите. Момчето било во неверување кога видело што се случува во санот.
„Минатата недела сакав да се вратам на универзитетот, но сега малку ќе почекам“, рекол 20-годишникот.
„Никогаш повеќе нема да го оставам прозорецот отворен“, заклучил студентот.