Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата дури сега ќе почне, мислам дека не сме подготвени за тоа
Кристијан Дростен, водечкиот германски епидемиолог во својот говор на Светскиот здравствен форум во Берлин предупреди на прераното славје на германскиот успех во справувањето со коронавирусот.
„За да ја надвладееме ситуацијата, во следните месеци мораме да променимен некои работи. Пандемијата всушност дури сега ќе започне. И во Германија“, изјави Дростен и нагласи дека коронавирусот не е научен феномен, туку природна катастрофа.
„Не мислам дека Германија е подготвена за идните неколку месеци со коронавирусот“, изјави германскиот епидемиолог.
Минхен во последниот период значително ги заостри мерките против коронавирусот. Во угостителските објекти и јавниот простор е дозволен собир на само пет луѓе или членови на две домаќинства. Приватните прослави во затворено смеат да имаат до 25 гости, а на отворено до 50.
На некои јавни површини во Минхен исто така е задолжително носење на заштитни маски, а станува збор за популарни места каде што се собираат луѓе во главниот град на Баварија.
Строгите мерки би требало да траат седум дена, но доколку коронавирусот продолжи да се шири, не е исклучено нивно продолжување.