99-годишна баба го победила коронавирусот и веднаш им се вратила на видео игрите

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука не се плашела најмногу дека вирусот би можел да ја убие, туку дека таа ќе заврши сама на одделот за интензивна нега.

„Постојано се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот бидејќи се плаши дека ќе биде оставена сама, особено во болница“, изјавила Ноелија Вале. 

Внуката претпоставува дека нејзината баба се заразила со Ковид-19 на прославата на 99-от роденден, кога семејството се собрало и прославувало на терасата во семејниот стан.

„Мислам дека тоа се случи тогаш, во моментите кога сите бевме заедно без маска“, додала внуката.

Неколку дена подоцна, Мартин почнала да се чувствува слабо и истоштено. Изложеноста на контаминирано масло од репка во младоста ѝ оставило долгорочни здравствени проблеми и ја зголемило нејзината подложност на респираторни компликации од вирусот.

Сепак, Флорентина имала само благи симптоми и закрепнувала во рамки на својот дом во Мадрид, со помош на нејзиното семејство, негувателката Олга Арауз и верното наглуво куче Луна.

Сега таа повторно ќе може да ги гледа своите омилени претстави и да игра игри на таблет.

„Добро сум, навистина сум во ред“, изјавила бабата, а нејзините сеќавања на вирусот ѝ се матни.

Иако нејзината баба закрепнала, внуката сепак инсистира да носи маска кога ја посетува.

„Сè уште сум внимателна, но секако чувствувам огромно олеснување“, додала таа.

Со над еден милион случаи, Шпанија има најголем број на заразени лица со коронавирус во Западна Европа. Повеќе од 34.000 луѓе починаа како последица од Ковид-19 во земјата, од кои повеќето биле постари од 80 години.

Translate »