Лепа Брена збори за неверството на Боба Живојиновиќ
Познатата пејачка Лепа Брена во 1991 година стапи во брак со Боба Живојиновиќ, а медиумите често зборуваат за нивниот брак. Во една прилика се крена огромна прашина за нивниот брак.
„Секогаш велам дека она што се случи е приказна која се продава многу евтино. За мене не е неверство изневерување кога тој ќе отиде со друга туку кога некој ќе те издаде како човек и кога некој ќе ја издаде твојата фамилија, изјави Брена во 2017 година.
Сега на прашањето, што не би му простила на Боба, дали е тоа некое неверство, пејачката одговори:
„Во денешно време не е толку важно неверството. Важно е да не ве издадат. Денес, суштински е важно некој да не ве изневери во животот, а некои глупости кои се зборуваат по естрадата и што е интерсно за медиумите, тоа не сакам да го коментирам,вели Брена за „Свет“.