Дали ќе има нови антикризни мерки?

Вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска најавија дека се размислува за носење и на нови пакети економски мерки за справување со Корона кризата, ако продолжат рестрикциите и има нови ограничувања.

„Ако на ваков начин продолжува кратењето на времето на работа на угостителските објекти . ако е потребно секако ќе излеземе со дополнителни мерки. Ова не важи само за угостителскиот сектор, ова важи за сите субјекти во нашата држава, имајќи ги во предвид анилизите и податоците како ќе се одвива и економската криза.“ изјави Крешник Бектеши, министер за економија

„Ќе треба најверојатно да имаме и 5ти пакет на мерки затоа што ние заедно, сме кажале дека заедно ќе бидеме со сите и ниту еден во општеството дали е тоа граѓанин или дали се тоа стопанственици. / И за 5ти и за 6ти пакет, колку и да треба пакети ќе има, само да полесно преминеме од овој период.“ дополни Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Засега пак, со ограничено работно време до 23 часот ќе работат само угостителите. Иако се најавуваше дека сите економски опреатори, вклучувајќи ги пекарите, сендвичарите… ќе работат скратено, Битиќи со објаснување: -Комисијата за заразни болести увидела дека засега ризик за ширење на заразата се само кафулињата и рестораните. Доколку има предлози за ограничување на работното време и за други објекти – тоа ќе биде разгледано.

„Да вистина е дека првично беше најава за повеќе економски оператори, но Комисијата за заразни болести не се економски стручни за да направат разлика што е економски оператор и имавме една ситуација на интервенција. Укажавме на што точно се однесува и во овој момент таа оценила дека само таму треба да има лимитирање од 23 мора и дека ризикот од ширење на заразата е токму таму.“ изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања

Во меѓувреме, пратениците до крајот на неделава би требало да ги изгласаат законите и ребалансот со кои ќе треба да се овозможи реализација на повеќето мерки од 4тиот пакет.

Translate »