Хан за „Рекет“: Сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата
Eврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, за случајот Рекет напиша коментар на Твитер.
„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Хан на Твитер.
Новинарот на Ла Верита, Ларис Гајсер, утрово објави видео колумна.
Гајсер се чуди што нема реакција од Федерика Могерини и Жан Клод Јункер кои „инсистираа силно за специјалната обвинителка“.