Изгладнувањето е бескорисно и опасно!
Диетите кои се темелат на ускратување на храната честопати успеваат само краткорочно, бидејќи изгубените килограми повторно се враќаат.
Нутриционистката Витни Сјуарт вели дека поголемиот дел од диетите имаат строги правила кои се базираат на помал внес на храна, броење на калории, консумирање на храна во одредено време итн., а ваквите правила се, како што смета таа, неодржливи на долг рок.
Идејата од лишување од храна, која е составен дел од многу диети, дава чувство на контрола над ситуацијата и лицата кои се на таква диета често размислуваат на начин: “Супер, досега не сум изел(а) ниту едно колаче”, но самоконтролата со текот на времето е сè потешка за одржување и наскоро ќе започнат да размислуваат на начин: “Не сум консумирал(а) колаче речиси две седмици! Заслужувам едно!”. Подоцна, тие се чувствуваат лошо бидејќи не успеале да се контролираат.
Постојат работи кои треба да се избегнуваат, како што е на пример секојдневното консумирање на брза храна, храна со висока концентрација на шеќер како и големи количини на алкохол.
“Сепак, не треба да се промовираат диети кои се базираат на ускратување на храната како единствен начин на губење килограми. Постојат многу други начини”, вели таа.
Витни предлага мали, но ефикасни и долгорочно одржливи промени и наведува дека најважен сегмент во секоја диета е умереноста.