Пракса во хотелите : Tоалетите и ве-це школките се чистат со користен гостински пешкир

Ваквата пракса е откриена во  познат синџир хотели во Лондон каде собариците од агенцијата за чистење,  со користени гостински пешкири ги чистат тоалетите  и внатрешноста на ве-це школките во собите.

Девојките добиваат инструкции да чистат само со една крпа, но да не кажуваат за тоа ако некој ги праша. Шефиците им кажуваат  дека така нема да губат време и дека ќе бидат поефикасни.

Ова е откриено откако мегу собариците била уфрлена репортерка која се преправала дека е  дел од тимот , а тајно ги снимала додека работат. Таа се претставила како Ирина,  а она што го видела и доживеала ја фрапирало целата британска јавност.

“Се чисти нехигиенски. Најважна е трката со времето. На собариците им се даваат  нереални рокови за чистење, не се почитува работното време туку само нормата, мора да потпишеш дека имаш половина час пауза иако реално  не можеш да ја искористиш, и сето тоа за  сатница од 8, 50 фунти” , вели репортерката.

На снимката се гледа како таа добивка инструкции  од шефицата да чисти само со една крпа, но никому  да не кажува за тоа.

Translate »