Дал 1500 евра за сопруга од Албанија, а таа му избегала првата ноќ

Несудениот младоженец од Прокупље, Србија платил 1.500 евра  на агенција за посредување  да му донесе млада Албанка  , но таа избегала од неговиот дом пред првата брачна ноќ!

Несреќниот  човек ја барал невестата  два дена, а потоа одлучил да го пријави целиот случај во  полиција.

– Маж од Прокупље стапил во контакт со агенција од Албанија и им дал  1.500 евра да му најдат жена. За кратко време  таа пристигнала во Србија во придружба на уште една жена  и маж кој се претставил како нејзин чичко. Девојката требала да остане во куќата “на проба”, а потоа требале да се земат. Сепак, уште првата вечер, таа избегала од неговата куќа. Очајниот човек се обидел да ја пронајде, талкајќи низ градот два дена, но не ја нашо.. Се претпоставува дека таа веќе се вратила во Албанија,  велат извор од истрагата, додавајќи дека несудениот зетот бил жртва на организирани групи од Албанија и дека не е прв измамен.

Translate »