„THRIVITY АКТИВАТОР“ – водич за личен и професионален развој
Независно во која област сте вклучени, дали учите, дали барате работа или сакате да ја промените, дали сте менаџер кој развива луѓе или едноставно сакате свој личен развој, „THRIVITYАКТИВАТОР“, најновото издание на Паблишер, е книга-прирачник која ќе ви помогне брзо да напредувате на лично и професионално поле.
Станува збор за интерактивен водич кој ја промовира културата на континуирано учење кај поединците, организациите и во општеството.
Aвторскиот тим составен од Фросина Денкова-Зафировска, Дејан Ваневски и Поликарп Арсеновски, експерти со долгогодишно искуство во полето на развој на потенцијалите кај луѓето, за првпат во земјава создадоа водич за развој на 70 бихевиорални компетенции кој на едноставен, но софистициран и прагматичен начин ќе ги крене личниот и професионалниот развој на едно ново, повисоко ниво.
Всушност, „THRIVITY АКТИВАТОР“ е книга која поттикнува и создава свесност за сопствениот личен развој, мотивира прогресивен лидерски стил во кој бихевиоралните компетенции се препознаени како клучен фактор за успех.
„Со ’THRIVITY АКТИВАТОР‘ сакаме бихевиоралните компетенции да ги направиме достапни за сите луѓе кои веруваат во сопствениот развој или сакаат да помогнат во развојот на некој друг. Тие претставуваат збир од знаења, способности, карактеристики и начин на однесување на една личност. Нивото на развој на секоја од потребните компетенции влијаe врз ефективноста, ефикасноста и продуктивноста во извршувањето на работните обврски и задачи од страна на поединецот во една организација. Затоа е неопходен нивен развој, а ’THRIVITYАКТИВАТОР‘ го нуди токму тоа“ – истакнуваат авторите.
Според времето потребно за развој и според областите на примена, бихевиоралните компетенции во „THRIVITYАКТИВАТОР“ се поделени во три групи: ТЕХНИЧКИ, ЛИЧНИ и МЕНАЏЕРСКИ.
Напишан едноставно, започнувајќи ја секоја компетенција со поттикнувачки цитат, „THRIVITYАКТИВАТОР“ има широка примена – кај поединците за подготовка на интервју за работа или како алатка за правење план за личен и за професионален развој, а кај организациите во процесот на креирање опис на работно место, во процесот на регрутација и во системите за евалуација на перформансите и кариерниот развој или за едукативни цели.
Искористете го пренесеното интернационално знаење и искуство на овој авторски тим во „THRIVITY АКТИВАТОР“, кое сега е достапно не само како инспирација туку и како водич за градење на вашите компетенции како успешни личности и професионалци.
Книгата е достапна во книжарниците на ТРИ и онлан на www.kniga.mk.