Мајмуните на Бали ја препознаваат вредноста на предметите што ги крадат

Долгоопашестите макаки мајмуни на островот Бали развиле посебна стратегија на размена. Тие им крадат предмети на луѓето и ги разменуваат потоа за храна. Кој сака да му се врати предметот, мора да направи „трампа“.

На оваа тема работел тим од Универзитетот на Летбриџ во Канада, кој поминал 273 дена во храмот во Бали и забележал над 2.000 средби помеѓу мајмуните и туристите. Истражувачите ги одредиле вредностите на храната за мајмуните со набљудување на нивниот избор кога им била понудена храна за да ги вратат вредните предмети. На мајмуните им биле нудени јајца, овошје и крекери.


Фото: Pixabay
Било откриено дека мајмуните имаат различни преференции кога станува збор за храната, но било забележано дека мајмуните добро ја познаваат вредноста на предметите што ги крадат, како мобилни телефони, паричници и камери.

Претходни лабораториски експерименти покажале дека мајмуните ги вреднуваат предметите и од искуство учат дека тие може да се заменат за храна. Истражувачот Жан-Батист Лека изјавил дека неговиот тим открил дека мајмуните ја учеле вредноста на предметите додека растеле бидејќи помладите макаки не ги разликувале предметите според вредноста.

Истражувањето е објавено во списанието „Филозофикал трансакшнс оф д ројал сосајети“.

Самјуел Озборн
Извор: independent.co.uk

Translate »