Потресно видео од извлекувањето на рударите

Седум кинески рудари беа извлечени на безбедно, извлечени од спасувачки екипи, откако две недели беа затрупани во рудникот, по експлозијата која ги спречи да излезат. 

Ова го објави државната телевизија ККТВ, која претпоставува дека уште најмалку четворица, од вкупно 22 рудари, се уште се живи во затрупаниот рудник за злато.

Инаку, на телевизиската видео снимка се гледа како спасувачките екипи го извлекле првиот рудар, кој бил во „исклучително тешка физичка состојба” и веднаш е пренесен во болница.

Пред една недела прв пат беше воспоставен контакт со 11 рудари, кои се затрупани околу 580 метри под земјата. Еден од нив бил тешко повреден во експлозијата и подоцна починал.

Спасувачите им доставуваат храна, лекови и други потребни материјали преку неколку дупки кои се направени во карпите. Спуштени се и детектори во други делови на рудникот, во надеж дека ќе бидат пронајдени останатите затрупани рудари.

Спасувачките екипи соопштија дека можеби ќе бидат потребни најмалку уште две недели за да бидат извлечени рударите на безбедно.

Погледнете го видеото

Translate »