Медитерански зачини: Штитат од алергии, го зајакнуваат имунитетот, ја ублажуваат кашлицата, а може да ги засадите и во вашиот двор!

Медитеранските зачини кои може да ги одгледувате и во домашни услови, на оброците ќе им дадат свежина и вкус, но имаат и многу здравствени придобивки.

За садење во саксии, изберете ги оние што всушност ги користите, како рузмарин, босилек, темјан или нане. А во градинарскиот центар Фоја ќе најдете и многу повеќе!

Рузмаринот е одличен извор на манган, железо, калциум, бакар и магнезиум. Тој е одличен извор на витамин Ц и фолна киселина и добар извор на витамин А, витамин Б6 и витамин Б5.

Босилекот е богат со витамини К и А, калциум и калиум, а одлично се комбинира со салати и сосови од домати. Во Индија, босилекот се негувал како симбол за добредојде, а во ајурведата, еден од видовите босилек (тулси, лат. Ocimum tenuiflorum) се користи за лекување многу болести – дијабетес, астма, импотенција, камења во бубрезите, неплодност и алергија.

Ова зачинско растение штити и од инфекции – истражувањата покажале дека внесот на босилек го зголемува производството на антитела кои се борат против инфекциите. Затоа, експертите сè повеќе ја истражуваат улогата на маслото од босилек како природен антибиотик.

Одамна се познати лековитите својства на темјанот, кој денес најмногу се користи за лекување анемија, треска, мамурлак.

Нането е лековито растение кое ги намалува воспаленијата и инфекциите, го зајакнува имунитетот, помага при астма и алергии, и ги намалува непријатните симптоми на алергија на полен. Исто така е одлично за варење и го ублажува стресот. Ова растение има диуретично дејство и го збрзува метаболизмот, што на крајот помага во процесот на слабеење. Богато е и со железо.

Чајот од рузмарин се користи за надуеност и бавно варење, ревматски проблеми и проблеми со жолчката. Стимулира излачување на урина и е корисен за црниот дроб. Ефикасен е и во борба против бактерии (Staphylococcus, Streptococcus) и габи.

Босилек

Отвора апетит, го стимулира варењето на храната, го смирува воспалението на слузницата на желудникот и цревата, а исто така се користи и за решавање на проблемите со надуеност, гасови, гадење или запек. Зовриена вода со босилек го смирува болното и воспалено грло.

Темјан

Називот темјан доаѓа од грчкиот збор ‘thymon’ што значи храброст. Се смета дека е делотворен против сите видови грчеви и дека ги ублажува тегобите за време на ПМС. Темјанот делува против сите видови кашлици, бронхитис, астма и отежнато дишење.

Нане

Ако се разболите и имате вирус, одличен избор е чај од нане, бидејќи поради високото количество на калциум, витамин Б и калиум, ќе го поттикне работењето на имунолошкиот систем, па со тоа и ќе го забрза процесот за опоравување на телото. Одличен е и против болки во грлото и против алергии.

Translate »