Раст на цената на струјата на светските берзи. Кои се очекувањата за во земјава?
Стопанството се соочува со потешкотии во работата поради константниот раст на цената на струјата на светските берзи. Од бизнси секторот велат дека секое ново зголемување на домашно или глобално ниво, се одразува врз работењето затоа што видно се зголемуваат и оперативните трошоци.
-Бизнисот е секогаш зависен од енергенсите. Како резултат на овие движења доаѓа до покачување на цените на производите и услугите како што беше случајот со воведување на акцизата и зелената такса за нафтените деривати. Следствено, тој ефект се одразува и во инфлацијата која во последниот период се повеќе се чувствува и кај потрошувачката кошничка, кај граѓаните и кај зголемените оперативни трошоци на фирмите, вели за “Денар” Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ
Од рекордниот скок погодени се сите сектори, но најголеми штети трпат компаниите кои се занимаваат со снабдување со електрична енергија.
-Според наши информации компаниите кои работат во тој сектор веќе имаат огромни потешкотии да ги реализираат тековните договорите со потрошувачите поради енормното покачување на струјата во берзата. Затоа, како среднорочно решение треба да биде инвестирањето во проекти за обновливи извори на енергија, за да може да се намали ефектот на овој удар врз економијата, додава Исени.
Во моментов цената на струјата на светските берзи е близу 150 евра за мегават час. Од енергетскиот сектор се сериозни загрижени поради ваквиот рекорден скок. Само за споредба на почетокот на годинава таа изнесувала околу 60 тина евра за мегават.
Енергетичарот Константин Димитров смета дека една од причините за овој раст е тоа што со постепеното олабавување на состојбата со пандемијата, производството на електрична енегија на глобално ниво не може да го следи иднустриското производство. Побарувачката на струја е многу поголемо од она што го има на пазарот. На домашен терен ситуацијата е иста. Домашните капаците не можат да го испорачаат она што го бара стопанството.
Од енергетскиот сектор се надеваат дека состојбата полека ќе се стабилизра и цената ќе почне да паѓа.