Како да ги отстраните дамките од акни на вашето лице?
Акните се скоро неизбежен дел од животот и можат да се појават на различна возраст и на секаков тип на кожа. Ако имате проблем со акните, важно е да знаете дека не сте единствените. Но, за целосно да се ослободите од овој вознемирувачки кожен феномен, како и од неговите последици, потребно е да знаете каква нега да ѝ овозможите на вашата кожа.
Околу 40% од возрасните луѓе и дури 95% од тинејџерите во одреден период од животот се имаат соочено со акни на лицето. Една од најчестите последици од оваа состојба се дамките кои остануваат на местото на кожата каде постоеле акните. Истите можат да се задржат на лицето со месеци, па дури и години откако акутните акни ќе исчезнат, а сонцето и бројните надворешни фактори само ја влошуваат ситуацијата. За среќа, сега постои Eucerin DermoPURE Серумот со тројно дејство, кој ќе ви помогне да го решите овој проблем и ќе направи вашата кожа повторно да биде среќна, сјајна и мазна.
Кои се советите од Д-р специјалист дерматолог Соња Петрушевска
Што е Eucerin DermoPURE Серум со тројно дејство? Тоа е препарат за нега на кожата на лицето, создаден според специјална формула наменета да ги ублажи ефектите од акните и да ги отстрани и измазни дамките кои тие ги имаат оставено на кожата. Овој серум ја содржи активната состојка Thiamidol, патентирана од страна на научниците во лабораториите на Eucerin, која медицински докажано ја намалува хиперпигментацијата на кожата на лицето, односно темните дамки и белези на кожата.
Eucerin DermoPURE Серумот со тројно дејство има троен ефект на кожата:
- Намалување на дамките: Патентираниот Thiamidol делува директно во јадрото на проблемот и ја спречува хиперпигментацијата, односно појавувањето на дамки на местата каде што постоеле акните.
- Отстранување на комедоните: Салицилната киселина којашто ја содржи овој производ значајно ги намалува комедоните и дамките од акни, а останатите активни состојки спречуваат да се појават нови.
- Здрав изглед на кожата: Поради иновативниот начин на изработка на Eucerin DermoPURE Серумот со тројно дејство, тој на кожата ѝ дава природен мат-изглед. Конечно, постои производ за нега кој ќе ја заштитува, а нема да направи таа да изгледа мрсна.
Кожата со акни е особено чувствителна на сончеви зраци. Тие можат да ги активираат акните, па дури и да предизвикаат посериозно влошување на состојбата. Токму затоа, Eucerin ја прошири DermoPURE линијата со Eucerin Protective Заштитен крем со SPF30. Оние денови или период од годината, кога убавото време нѐ повикува да излеземе надвор и да уживаме во денот, потребно е на кожата да ѝ обезбедиме соодветна заштита. Двојна заштита за поголема сигурност!
Нанесувајте го Eucerin DermoPURE Серумот со тројно дејство наутро и навечер на целата кожа на лицето. По нанесувањето на серумот ќе почувствувате лесно пецкање од состојките кои делуваат на кожата. За најдобри резултати се препорачува да се употребува заедно со Eucerin DermoPURE заштитниот крем со SPF30 во тек на денот, така што кожата ќе биде постојано заштитена од надворешни фактори.