Деспотовски: Со „Концепт 28“ ќе придонесеме младите да ја гледаат С.Македонија како свој прв избор за живеење

Јован Деспотовски кандидат за нов лидер на СДСМ на својот Фејсбу објави дел од својата програма „Концепт 28“ во која наведува неколку елементи кои би придонеле за младите да не се иселуваат од земјава.

Како Претседател на СДСМ успехот на мојата работа ќе се следи преку мерливи, конкретни резултати. Во „Концепт28“ тоа се:

% на раст на јавните вложувања во образование и здравство, како дел од приоритетните области.

% на пораст на бројот на лица што предходно заминале во странство и се вратиле назад во однос на вкупното население.

% на пораст на индекс на квалитет на живеење.Вака ќе придонесеме младите да ја гледаат С.Македонија како свој прв избор за живеење, а не да заминуваат во странство, пишува Деспотовски.

Translate »